Илинденски викенд- Паркот на поезијата во Струга претворен во паркинг, Охрид полн со отпадоци

- Локални
693

Илинденскиот продолжен викенд ги наполни туристичките места во земјава. Охрид и Струга се преполни со гости од други градови од Македонија. Но, се чини дека овој продолжен викенд ќе се памети по фрлени отпадоци, неред и непрописно паркирање.

Откако вчера социјалните мрежи беа преплавени со слики од Охрид полн со ѓубре на улиците, шеталиштата и Охридското езеро, денеска стружани се револтирани откако на социјалните мрежи осамнаа фотографии на кои се гледа дека гостите од другите градови Паркот на поезијата го претворија во паркинг.

Strugaonline

фото: ФБ

Facebook Коментари