Ин мемориам: Почина Славчо Чуркоски
Со голема тага македонската заедница во Америка и Македонија ја прими веста за смртта на Славчо Чуркоски, успешен бизнисмен и хуманитарец од Чикаго, кој целиот свој живот несебично им помагаше на Македонците и во САД и во родниот крај.
Чуркоски беше познат како човек со големо срце, секогаш подготвен да помогне таму каде што е најпотребно. Иако со години живееше и работеше во Чикаго, никогаш не ја заборави својата татковина и неизмерно ги сакаше Вишни и Горна Белица, местата кои секогаш ги носеше во своето срце.
Неговата добрина, човечност и топлина оставија длабока трага кај сите што го познаваа. Пријателите и сограѓаните велат дека бил човек кој обединува, помага и инспирира, а неговата љубов кон македонската заедница ќе остане трајно запаметена.
Во овие тешки моменти, семејството, блиските и пријателите се простуваат од човек кој зад себе остави големи дела, почит и неизмерна благодарност.
Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите.
Нека почива во мир.
StrugaOnline

