Истражување на ЕВРОТИНК- Неколку области во струшкиот регион се жаришта на нелегална сеча

- Локални
467

Денеска во Струга се одржа настан за запознавање на локалнотот население со состојбата со дивите сечи во струшкиот регион.

Настанот беше организиран од ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, со поддршка од Глобалната иницијатива за борба против транснационален организиран криминал и Фондот за отпорност. Наодите од истражувањето што го спроведува ЕВРОТИНК, покажуваат дека шумите во струшкиот регион немилосрдно се опустошуваат, а главен предизвикувач на оваа состојба се нелегалните сечи.

-Одредени области од струшкиот регион се жешки точки, каде што нелегалната сеча има предизвикано огромни последици. Овие области се  Јабланица, Лакаица, Горна Белица, Долна Белица, Вевчани, Октисии Вишни. Исто така, наодите од истражувањето покажуваат дека во периодот од 2010 до 2019 година Шумското стопанство „Јабланица поднело 44 кривични пријави и 193 прекршочни пријави за бесправна сеча. СВР – Охрид, во рамките на оперативната акција „Гора“ има поднесено вкупно 117 кривични пријави за вкупно 193 кривични дела.Oсновното Jавно Oбвинителство – Струга, во периодот од 2010 до 2019 има поведено кривични постапки против 14 лица, и истите се во целост отфрлени. –информираат од Евротинк

Од таму додаваат дека од исклучителна важност е подигнување на свеста на локалното население за спречување и пријавување на нелегалната сеча до надлежните институции.

Strugaonline

Facebook Коментари