Изложба на тема „Светот под лупа на младината“ утре во Струга

- Локални
656

Во халата на Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга утре ќе биде отворена изложбата „Светот под лупата на младината“.

Делата се изработени од страна на ученици од основните и средните училишта и се од областа на уметноста, фотографијата и пишувањето. Преку своите дела, учениците го покажуваат нивното согледување и размислување за најважните теми кои го засегаат општеството во денешно време.

Изложбата е од награден карактер, победниците ќе бидат објавени и наградени за време на изложбата која ќе биде отворена во 11:00, а ќе трае до 13:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари