Изложбата „Народните носии низ објективот на Тошо Дабац“ од 8-мај во Струга

- Локални
935

На 8-ми мај, во среда, во Галеријата „Вангел Коџоман“ ќе биде поставена изложбата „Народните носии низ објективот на Тошо Дабац“.

Оваа изложба претставува избор од триесет и две фотографии од богатото наследство на Тошо Дабац, еден од најистакнатите загрепски фотографи  кое содржи повеќе од двесте илјади негативи. Изложените фотографии спаѓаат во групата фолклорни фотографии коишто прикажуваат мотиви од народните носии од повеќе краишта низ Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија.

При изборот на фотографиите сакавме да ги прикажеме оние кои не биле често репродуцирани и кои им се помалку познати на стручњаците и љубителите на народните носии. Сепак, не можевме да одолееме да не ги изложиме и попознатите фотографии како што се . Македонец и Жената од Гарешница, а којашто на изложбата е прикажана во поинаква светлина. Изложената студиска фотографија го прикажува чинот на настанувањето на често публицираната фотографија Жената од Гарешница. Ова упатува на фактот дека Дабац често бил ангажиран за фотографирање носии за разни публикации и фолклорни настани и дека на тие фотографии деталите на народните носии биле обмислено и внимателно избрани.
Сепак, повеќето народни носии на изложените фотографии се забележани спонтано и во еден миг. Бидејќи Дабац го фотографирал секојдневието, најчесто загрепското секојдневие, не изненадува фактот што на изложбата превладуваат фотографии со народни носии од околината на Загреб. На нив можеме да го препознаеме пригорскиот женски плетен џемпер, женскиот горен дел белата сурина, машката сурина украсена со лента тн. шујташ, шамијата за глава тн. енглешка шамија, свадбениот венец, женскиот фустан тн. цабајка од Сесветското Пригорје и др. Освен тоа, прикажани се и детали и делови од народните носии од Славинија, Мославина, Посавина, Бистра, Покупље, Истра, островот Зларин, Сињската краина, околината на Дубровник, од Босна и Херцеговина и од Македонија. Љубителите на народните носии ќе имаат можност да го видат славонскиот плетен џемпер тн. јанкел и кабаницата украсена со лентата тн. шујташ, шамијата за глава што ја носеле мажените жени од околината на Травник тн. крпа, покривката за глава од Јамница, капчето роге, сињскиот машки елек тн. јечерма со тока итн.“ – информираат организаторите.
Изложените фотографии ги прикажуваат машките и женските свечени народни носии, работните и секојдневните носии, детските носии и фолклорните костими. Целта е да се прикаже разновидноста на мотивите на традиционалното текстилно ракотворство и облека, како и да  се истакне улогата на фотографијата при истражување и реконструкција на народните носии. Според тоа, покрај уметничка вредност, фотографиите имаат и документарна вредност. Изложените фотографии  ќе ја прикажат секојневната улога и функција на народните носии, а Дабац, со своето вешто око успеал да ја зачува вредноста на културата на традиционалното облекување. Изложбата ја дополнуваат оригинални делови на народните носии од збирката на Работилницата за изработка и позајмица на народни носии, а коишто се тематски поврзани со изложените фотографии.

Почетокот е закажан за 20:00 часот.

 

Strugaonline

Facebook Коментари