Изложбата ,, Уметнички дела – Растенија од Струга и околината“ од Лида Шерафатманд денеска во Музејот во Струга

- Локални
782

Денеска со почеток во 13:00 часот, во  НУ Музеј ,, Д-р Никола Незлобински “-Струга ќе бидат презентирани  уметнички дела на растенија како вовед за Изложбата ,, Уметнички дела – Растенија од Струга и околината,, чиј автор е Лида Шерафатманд, меѓународен уметник. На овие уметничките дела што таа ги има насликано се претставени растенија од Струга и планината Јабланица на еден многу поинаков начин.

Лида Шерафатманд е меѓународен уметник,  во изминатите три години слика и живее во Струга. Главната тема на нејзините слики се цвеќињата, кои таа ги користи симболично и како метафорa за да создаде концепти на општествените области во нејзините слики. Како постдипломец по меѓународни односи, Лида има одржано јавни предавања заедно со нејзините изложби на тема човечка природа и разрешување конфликти на голем број важни универзитети низ светот. Делата на Лида изминатата година се појавија како насловни корици на неколку академски книги од Кембриџ Универзитетот. Издадени се и две официјални поштенски марки со две нејзини слики кои ги насликала во Струга, една поштенска марка од Кина и една од Лијхтејнштајн. Инспирирана од разновидноста на флората во Струга, таа ја создава збирката слики со растенија од Струга и околината, за НУ Музеј ,, Д-р Никола Незлобински “.

Strugaonline

Facebook Коментари