Јахтинг Регата викендов се одржа во Струга

- Локални, Спорт
1646

Овој викенд на Струшкото крајбрежје на Охридското езеро во организација на Едриличарскиот клуб „Снегар“ Струга се одржа Јахтинг Регата на која учество зедоа 40 едриличари. 11 јахти од Охрид и Струга во две класи ги докажуваа своите навигаторски способности. Во класата минитонец (над 5.5 метри) најдобар бeше екипажот на бродот „Марионета“ од Јахтинг кубот во формирање – „ЦЖГ“ – Охрид. Второто место припадна на екипата од охридскиот клуб „Акватика Јахтинг“, додека трета беше „Винту“ од ЕК „Снегар“ Струга.

Во помалата класа микротoнец (до 5.5 метри) најбрз беше охридскиот тим на скиперот Иво Илинчев од „Акватика Јахтинг“ – Охрид, втор пристигна бродот „Пајник“ управуван од Димитар Поп Стефанија од ЕК „Пират“ Охрид, додека трет на целта беше бродот на Бојан Кавај од ЕК „Снегар“ Струга.

Средствата од котизација за учество на оваа регата ќе бидат искористени за организација на „Ден на водни спортови – Струга 2017“ на кој учество ќе земат повеќе од 110 натпреварувачи од пет дисциплини и тоа: Едрење, СУП, Веслање, Кајак, Кану. До сега се пријавени учесници од клубови од Струга, Охрид, Велес и Скопје. Денот на водни спортови ќе биде отворен за сите љубители на природата кои сакаат да се пробаат во горе наведените спортски дисциплини.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари