Јован Лазороски нов претседател на собранието на пензионери во Вевчани

- Локални
788

Претседателот на собранието на ЗП Вевчани Јован Лазороски, беше избран на вонредното Собрание за претседател на Собранието на здружението по изненадната смрт од ковид -19 на тогашниот претседател Наум Чочороски.

Со тоа се продолжи континуитетот за активностите на пензионерите од општината Вевчани, уште повеќе што Лазороски со својата ангажираност беше во целост активно вклучен во сите настани, што се организираа и дотогаш. Во врска со работата на здружението еве што вели Лазороски:

– Најнапред морам да се заблагодарам за довербата што ми беше дадена за мене е и голема чест и обврска да се раководи со едно вакво здружение кое е едно од 35 –те членки на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, кое брои околу 400 пензионери од сите категории пензионери, а и голема одговорност. Меѓутоа самопрегорот, ангажираноста и посветеноста во работата што ги применуваше досегашниот претседател, ми се патоказ и ме потикнуваат да се ангажирам со сето мое знаење, искуство и интелектуален капацитет да ги продолжам активностите зацртани во Програмата за работа на Извршниот одбор на Собранието и на останатите органи и тела на здружението,со максимална транспарентост и одговорност.

При ова треба да се додаде дека Јован Лазороски е афирмиран активист и за време на неговиот работен век, во неговата професионална работа ,како забен техничар во медицинскиот центар во Вевчани, но и во пензионерската организцаија каде што дејствува активно веќе 10 години.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Facebook Коментари