Општина Струга објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации
Општина Струга денес официјално го објави Јавниот повик за доделување финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации, со цел поттикнување на проекти од јавен интерес и развој на локалната заедница.
Сите заинтересирани организации можат да ги пронајдат деталните информации за условите, критериумите и начинот на аплицирање на официјалната веб-страница на Општината, преку следниот линк:
https://www.struga.gov.mk/…/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5…/
Од Општина Струга ги повикуваат граѓанските организации активно да се вклучат и да аплицираат со квалитетни предлог-проекти кои ќе придонесат за подобрување на животот во заедницата и унапредување на локалниот развој.
StrugaOnline

