Учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга со врвни резултати на „Кенгур 2026“
Учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, од прво до деветто одделение, постигнаа извонредни резултати на Меѓународниот математички натпревар „КЕНГУР 2026“, потврдувајќи ја својата посветеност, знаење и љубов кон математиката.
Со освоени бројни награди, младите математичари достојно го претставија своето училиште и градот, а успехот е резултат и на континуираната поддршка и ангажман на нивните ментори.
Прва награда освоија:
Даријан Стојчески (I одделение), Леонтиј Затуроски (I одделение) – ментор Благојче Спасески,
Лука Јовановиќ (VI одделение) – ментор Илина Пејоска Затуроски,
Стефан Кошаркоски (VI одделение) – ментор Марина Нестороска,
Горјан Славковски (VII одделение) – ментор Илина Пејоска Затуроски.
Втора награда освоија повеќе ученици од прво, четврто, петто и шесто одделение, меѓу кои: Емилијан Анѓелкоски, Стефан Ѓорески, Сергеј Илоски, Божидар Јоноски, Елина Исмаилова, Владимир Мандовски, Сара Гогоска, Ирина Нестороска, Виктор Опетчевски, Јован Кутаноски, Константин Ѓоргоноски, Теона Столевска и Ангел Јулоски, под менторство на Благојче Спасески, Елена Ѓонеска, Снежана Миловановиќ, Гордана Цветаноска, Илина Пејоска Затуроски и Христина Пејоска Тренеска.
Трета награда освоија ученици од повеќе одделенија, меѓу кои: Мартин Делиоски, Меланиа Лекоска, Јована Неловска, Константин Трајчески, Матеј Лазороски, Иво Василевски, Кристијан Гагалески, Ангел Митрески, Константин Настоски, Катарина Пејовска, Иринеј Грданоски, Марија Скрческа, Јана Славкоска и Ана Пејоска.
Со пофалница се закити и ученичката Олгица Рембоска (V одделение), под менторство на Гордана Цветаноска.
Од училиштето упатија искрени честитки до сите ученици и нивните ментори за постигнатиот успех, истакнувајќи дека ваквите резултати се гордост за целата заедница и поттик за идни уште поголеми достигнувања.
StrugaOnline

