Почина 46-годишен маж по повреди здобиени при сеча на дрва кај Струга
На 20.04.2026 во 11:00 часот во ОВР Струга, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив бил донесен починат Р.Д.(46) од с.Добрино, општина Студеничани, кој имал видливи повреди на телото. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при сеча на дрва во атар на с.Мислодежда, струшко, на место викано „Леништа“ на планина Караорман. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител, Државен инспекторат за труд, Шумска полиција и вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, Јабланица, струшко. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено во Судската медицина за обдукција.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

