ЈП „Комунално“ :Депонирање на градежен шут и делови од стар мебел покрај контејнерите е дозволено само во среда наутро

- Локални
822

Од ЈП Комунално ги информираат граѓаните на град Струга дека е забрането депонирање на градежен шут, гранки, делови од стар мебел и сл. покрај контејнерите за одлагање на комунален смет, како и на јавните површини низ градот.
„За да можат граѓаните  да се ослободат од наведените предмети и материјали,  ЈП Комунално-Струга во соработка со Општина Струга ќе започне со спроведување на договореното дека, секоја среда нашата екипа ќе врши подигање на истите. На граѓаните на град Струга ќе им биде дозволено депонирање на градежен шут, гранки, делови од стар мебел и сл. покрај контејнерите за одлагање на комунален смет исклучиво само во среда во утринските часови.“ – информираат од ЈП Комунално.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари