JП „Комунално” објави демант за текстовите објавени во дел од локалните медиуми

- Локални
779

JП „Комунално” објави демант на информацијата што ја објавија дел од медиумите дека екипи од УЈП вршат контрола во ЈП.

Демантот ви го пренесуваме во целост :
Деновиве УЈП има најавено редовна контрола во ЈП, за да се провери состојбата како Комуналното претпријатие да изнајде можност редовно да ги сервисира 15-годишните долгови према УЈП за неплатен ДДВ.
Новиот состав на ЈП во текот на 2018 со репрограмирање исплати близу 2 милиони денари, меѓутоа со зголемените трошоци од редовното работење не можеше да ја следи договорената динамика на исплата од репрограмирањето.
Целта на службите на УЈП е да се изнајде начин во соработка со основачот (совет на Општина Струга) и да се направи анализа колку би можела да биде месечната рата која би можело ЈП да ја плаќа по основ на репрограмот, а да не се наруши нормалното работење на Јавното претпријатие. 

 

Facebook Коментари