ЈП Комунално: Продолжува акцијата на засадување нови дрвја на повеќе локации во градот
Акцијата за засадување дрвја продолжува и денеска, со нови активности на неколку локации низ градот. На терен беа засадени повеќе млади дрвја, како дел од иницијативата за создавање позелена и попријатна животна средина за граѓаните.
Од ЈП Комунално Струга информираат дека акцијата се реализира постепено, со јасна цел – чекор по чекор да се подобрува изгледот на урбаните простори и да се зголеми зеленилото во градот. Засадувањето дрвја е важен придонес кон почиста животна средина, подобар квалитет на воздухот и поубави јавни простори.
Одговорните апелираат и до граѓаните да се вклучат во грижата за зеленилото и заеднички да придонесат за зачувување на природата.
„Да се грижиме заедно за нашите простори и да изградиме позелена иднина“, порачаа од ЈП Комунално Струга.
StrugaOnline

