ЈП Водовод и канализација-Струга: Дефектот кај поштата ќе биде саниран во текот на денешниот ден

- Локални
1062

-Поради дефект што настанал наспроти поштата,  екипи на ЈП Водовод и канализација-Струга работат на терен од 10:00 часот утрово.-информираат од претпријатието.

„Предвидувавме дека санацијата ќе биде многу побрза меѓутоа наидовме на некои проблеми кои ни ја оспорија работата. Oвој голем дефект ќе биде саниран во текот на денешниот ден. Иако во тешки услови поради врнежите на дожд, за поздравување е готовноста на нашите работници за решавање на овој проблем.“ – стои во соопштениеро од ЈП Водовод и канализација-Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари