ЈП Водовод и канализација -Струга: Несовесни граѓани намерно ја оштетија главната водоводна цевка, случајот е пријавен во полиција

- Локални
688

Jaвното претпријатие ,,Водовод и канализација Струга“  преку соопштение за јавност, ги извести граѓаните на Општина Струга за оштетена  главна водоводна цевка преку која со вода се снабдуваат неколку струшки села. Од претпријатието посочуваат дека оштетувањето е направено намерно од страна на несовесни граѓаини. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

-Ги известуваме сите граѓани на Општина Струга денес денес во раните утрински часови, неколку несовесни лица намерно ја оштетиле главната водоводна цевка што ја носи водата за пиење до селата Враништа, Велешта, Мороишта, Мислешево, Горно и Долно Татеши и Драслајца, и со ова кривично дело му нанеле значителна штета на претпријатието и на граѓаните.
Ние како претпријатие веднаш го пријавивме случајот во полиција која сега ги врши соодветните истражни постапки и бараме од секој граѓанин што има било каква информација за овој случај да се обрати до нас преку фејсбук страната (со приватна порака) или директно во полициска станица во Струга. Вашиот идентитет ќе остане 100% анонимен.-стои во соопштението.

Strugaonline

Facebook Коментари