Кабаре 2 Mothers Brothers во сабота во Охрид

- Локални
275
На 20-ти мај со почеток во 21:00 часот во Ребел Охрид ќе имате можност да го проследите најновото шоу  2 Mothers Brothers со Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.
,,Динамично дуо, појачано со музичката генијалност на Маестро Никола Јосифоски на клавијатура и Маестро Јане Тодороски на контрабас. Комично музичко шоу кое користејќи го жанрот кабаре се исмева со се она што не опкружува во животот: политика, врски, вечната борба помеѓу мажи и жени..па дури и контрацепција во Брежани.“-велат актерите.
Публиката ќе има можност да проследи неверојатна комедија збогатена со авторски песни и пеколни пародии на познати нумери.
Шоуто не се препорачува на лица под 16 години.
Билетите можете да ги набавите онлајн по цена од 3оо денари, или да резервирате на телефон 075283066.
Strugaonline

Facebook Коментари