Викендов кој што ни претстои носи предизвици за струшките ракометари. Имено, сениорите на РК Струга на гостински терен спортски ќе се пресметаат со тимот на РК Спартак од Скопје. Почетокот на овој напревар е закажан за 19:30 часот. Кадетите на РК Струга исто така одат на гости во нов ракометен предизвик. Во недела, тие играат во Ресен против екипата на РК Преспа. Почетокот на овој натпревар е закажан за 10:30 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари