Кандидатот за градоначалник Димче Шипинкароски денес во с. Јабланица и присустуваше и на фудбалски натпревар

- Локални
792

Kaндидатот за градоначалник на Струга од редовите на СДСМ, Димче Шипинкароски, заедно со носителот на листата, Ирина Јолдеска денес по повод големиот христијански празник Свети Илија го посетија манастирскиот комплекс во село Јабланица.

„Со жителите и гостите си го честитавме празникот и си посакавме добро здравје, среќа и напредок. Ваквите денови ни даваат верба и надеж и ни ги исполнуваат срцата со радост, љубов и успеси. Среќен празник! За многу години!“
Шипинкароски го следеше и натпреварот меѓу ФК Караорман и ФК Демир Хисар и им честита на двата клуба за фер плеј спортската игра.
„ФК Караорман е гордост на Западот, клуб кој создаде силна спортска традиција и затоа секогаш од срце навиваме за Караорман! Спортот конечно го добива своето заслужено место! Во соработка со централната власт, ќе продолжиме да работиме на создавање услови за унапредување на спортот и спортските клубови кои се идентитет на стружани, длабоко вкоренети во традицијата на градот!„ – соопштуваат од СДСМ.

Facebook Коментари