Кандидатот за градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко на четвртиот ден од изборната кампања во Белица

- Локални
523
Кандидатот за градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко на четвртиот ден од изборната кампања во Белица.
„Иднината на Белица и цела Струга е во сигурни раце. На отворањето на нашиот штаб во Белица, жителите на ова населено место покажаа извонреден интерес. За време на средбата со жителите, имавме многу плоден и конструктивен разговор. Жителите, задоволни од досегашните инвестиции во нивното место на живеење, дојдоа со нови идеи на оваа средба. Ги уверив сите присутни дека ќе работиме уште подобро и посилно во следниот мандат, со цел да го исполниме секое нивно барање. – истакна пред присутните кандидатот за градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко.

Facebook Коментари