Kараорман е есенски шампион во третата лига -Југозапад

- Локални, Спорт
675

Караорман ја совлада екипата на Влазними и стана есенски шампион во третата лига -Југозапад.

Првиот гол го постигнаа домаќините преку Адри Полиси, по само шест минути за 1:1 погоди Емрах Хани. Потоа следуваа уште два брзи голови со кои Караорман ги обезбеди трите бодови. Никола Димов постигна гол за 1:2, а потоа капитенот Ивица Ќелешоски го реши натпреварот уште во првото полувреме за конечни 1:3.

Strugaonline

Facebook Коментари