Кино на отворено следниот викенд во Струга

- Локални
829

Во рамките на  интердисциплинарната програма Раздримување, оваа година под мотото Сцена без (С)цена, поддржана од Министерство за култура , кино на отворено во струшкиот Центар за култура.  На 14-ти и 15-ти август стружани и гостите ќе имаат можност да ги погледнат следниве кратки филмови:

14 август (петок)
THE HIP BRAINSTORM
(документарен долгометражен филм)
режија: Јане Алтипармаков
The Hip-Brainstorm е продолжение, своевидно документарно надополнување на долгометражното ДВД-видео издание The Hip-Reality Overdrive. Долгометражниот видео/филм е во режија и продукција на Јане Алтипармаков, автор на оригиналната идеја е Љубиша Петрушевски. Продуцент и монтажер е Михаил Димитров, звучниот дизајн е на Валентин Видовиќ. Директор на фотографија е Наташа Гелева, снимател е Ања Илиева. На монтажата паботеа и Зоран Чаневски и Димитар Илиевски. Во филмот се појавуваат: Васко Атанасовски (Бернајс Пропаганда, Балкан Велики), Toшо Филиповски – автор на првата сеопфатна македонска рок енциклопедија, Саша Павловиќ (Suns), Ивица Димитриевиќ (SIZ), Мирко Попов (PMG Kolektiv), Костадин Шурбановски (Канал 103), Сеад Хаџиќ (Last Expedition, Mooger Fooger), членови на групатa The Hip, Morbid Joker, Музичка Младина. Во филмов ексклузивно се измонтирани архивски снимки од настапите на Електрични Оргазам, Екатарина Велика, легендарните Nirvana, Psychic TV, Buzzcocks, Sonic Youth, Young Gods.

15 август
ИЗЛЕЗ

Филм на Мартин Цикарски, Елена Велјаноска и Гоце Цветков.
Марија е тивка тинејџерка која ја малтретираат силеџии во училиштето, а нејзините родители постојано се караат дома. Дали има излез за неа? Може ли работите да бидат различни?

ЧИПСОТ НА САРА

Филм на Ангела Грујоска, Дамјана Видическа и Сара Алексиеска
Сара е девојка на која не и е грижа за ништо околу себе, сè додека не се соочи со последиците од нејзиното безгрижно однесување. Овие филмови се резултат на „Филм за општествени промени“, програма развиена од „Американски катчиња“ во Македонија, Амбасадата на САД во Скопје и American Film Showcase, за поддршка на ученици кои сакаат да научат како да создаваат видеа со општествено влијание. Оваа програма им овозможи на учениците да ги развијат, презентираат и снимаат своите гледања на општествената реалност и предизвици во форма на кратки филмови, документарци или видеа.

ГОСПОДАТА ОД СОВРЕМЕНА
(краток документарен филм)
режија: Ана Алексовска
Продукција: Марија Димитрова
Сценарио: Анџелика Апсис
Снимател: Владимир Димовски, Ѓорѓи Клинчаров, Самир Љума, Бранко Аврамовски
Монтажа: Богољуб Миловановски, Владимир Димовски, Михаил Димитров
Тон: Сашко Мицевски
Една банда постари дами и господа секојдневно ужива во културните настани во Скопје – изложби, концерти, поетски читања и промоции, каде што се служи бесплатна храна и понекоја чаша вино. Овие луѓе редовно комуницираат меѓусебно и заедно прават распоред за настаните во претстојниот ден. Кога општествениот прекор се претвора во закана за нивната забава, тие сфаќаат дека она што го прават им значи повеќе од што си мислеле.

МАГНОЛИЈА

режија: Ана Опачиќ
Под симболиката на насловот „Магнолија“ (Магнолија грандифлора) – украсно дрво со големи цветови, гледачот полека го открива животот на средовечната професорка по литературата, во едно доцно летото попладне, растргната помеѓу минатото и сегашноста во кои се уште не нашла место за себе. Но, еден телефонски повик ќе ја прекине нејзината вегетација, оптоварена со секојдневната работа, и сеќавањата што ја прогонуваат.

ЗЛАТОТО НА КАЏАМАРКА

режија: Александре Регол (франција)
Овој филм го следи патувањето на младиот француски режисер Александре Регол во 2018 на Андите. Тој ја посетува Каџамарка, која е една од првите заедници што го искористи своето право да одлучи дали сака да се отвори рудник за злато на нивната земја. Филмот е сниман со 16 мм камера со помош од страна на земјоделците, еколошките организации и жителите.
(Овој филм се прикажува во соработка со Фантазмагорија Сомниферум)

Настанот е бесплатен и при неговото оддржување ќе се почитуваат мерките на физичка дистанца.

Strugaonline

Facebook Коментари