Лев банер Десен банер

Ќура ја пречека американската амбасадорка: Во фокусот Коридорот VIII и развојот на Струга

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнес, која престојуваше во Струга.

На средбата се разговараше за новиот правец во управувањето со Општина Струга, визијата за идниот развој на градот, како и за предизвиците со кои се соочува градоначалникот во својата функција како независен градоначалник.

Посебно внимание било посветено на традиционално позитивниот однос на граѓаните на Струга кон Соединетите Американски Држави, при што била истакната важноста од понатамошно продлабочување на соработката и градење нови партнерства.

Во фокусот на разговорот бил и Коридорот VIII, кој претставува стратешки инфраструктурен проект од особено значење за Струга. Реализацијата на овој коридор се очекува да има значајна улога во подобрувањето на регионалната поврзаност и создавањето услови за понатамошен економски развој.

Од Општина Струга посочуваат дека остануваат отворени за соработка со домашни и меѓународни партнери, со цел реализација на проекти кои ќе придонесат за развој на градот и создавање нови можности за граѓаните.

StrugaOnline

error: