Ќура на седница на Советот за развој на Југозападниот регион – Струга дел од новите развојни политики
Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, учествуваше на втората седница на Советот за развој на Југозападен плански регион, каде заедно со градоначалниците од регионот се разговараше за клучните политики и инвестиции што ќе го определат развојот на регионот во наредниот период.
На седницата беа разгледани повеќе значајни документи и одлуки поврзани со спроведувањето на Програмата за развој на Југозападниот плански регион до 2026 година, како и приоритетната листа на регионални проекти за 2026 година. Овие проекти се насочени кон подобрување на инфраструктурата, унапредување на комуналните услуги и поттикнување на економскиот развој на општините во регионот.
Во рамки на дискусијата беа разгледани и конкретни иницијативи од значење за Општина Струга, меѓу кои и поддршка за модернизација на комуналната механизација. Со ова, како што беше посочено, ќе се овозможи поефикасно извршување на комуналните услуги и подобра грижа за јавните површини.
Од Општина Струга информираат дека и во наредниот период ќе продолжат активно да работат на привлекување инвестиции, подобрување на инфраструктурата и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, преку соработка и партнерство со институциите и општините од регионот.
StrugaOnline

