Клиничката болница во Битола исполнета, пациентите од регионов ќе се лекуваат во Охрид

- Локални
512

-Нема повеќе места во Клиничката болница во Битола и затоа пациентите од овој регион ќе се хоспитализираат во болницата во Охрид, – информираше  министерот за здравство во Владата на Република Северна Македонија, Д-р Венко Филипче.

Тој истакна дека охридската болница има план, слободни кревети и доволен број респираторни машини, доколку тоа биде потребно.

– Во овој момент, ниту една јавно-здравствена установа не е во ризик рече Филипче

Тој истакна дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба.

На оваа тема, претседателот Пендаровски денеска ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари