Kлубот ,,Сонкал ИТФ“ од Мислешево освои девет медали на ,,Охрид опен“

- Локални, Спорт
674
На Mеѓународниот ИТФ турнир ,,Охрид опен“ во конкуренција од  200 натпреварувачи од седум држави, клубот  ,,Сонкал ИТФ“ од Мислешево постигна забележителни резултати.
 Клубот од Мислешево освои девет медали, а учествуваше со шест натпреварувачи.
Освојувачи на медали се:
Марио Крстески – 1 златен и 2 сребрени медали
Давид Крстески – 2 златни и 1 сребрен медал
Теодор Ѓорески – сребрен медал
Кристијан Гагалески –  бронзен медал
Дамјан Анѓелкоски – бронзен медал
,,Тренерите Марио и Давид Крстески го докажаа својот репрезентативен квалитет. Марио  и 16 годишниот Давид на овој турнир влегоа и во категорија сениори од 18 до 34 години и таму се сретнаа во финале. Тренерите исто така се многу задоволни и од своите ученици кои за една година работа се вброија во освојувачите на медали.“-информираат од ,,Сонкал“.
Додаваат дека овие натпреварувачи  заслужуваат почит, прво за нивното залагање на тренинг, а потоа и за освоените резултати.
Strugaonline

Facebook Коментари