Kонцерт на Нишкиот симфониски оркестар вечерва на Охридско лето

- Локални
131

Вечерва е втората фестивалска вечер на 63-то издание на ,,Охридско лето“. Во црквата ,,Света Софија“ со почеток до 21:00 часот  целовечерен концерт ќе одржи Симфонискиот оркестар од Ниш.

Нишкиот симфониски оркестар е единствена институција од ваков профил надвор од Белград, кој во Србија, а и пошироко делува седумдесет години. Основна дејност на оркестарот е изведување на уметничка музика, истовремено негувајќи го културното наследство со учество на бројни уметници од Србија и од странство.

Оркестарот има остварено гостувања на бројни манифестации „Денови на Мокрањац“ во Неготин, фестивалот „Дубровнички летни игри“ (Хрватска), Фестивалот „Олимпус“ (Грција), фестивалот „Свет на музиката“ во Фивицано (Италија) како и гостување во Грац (Австрија).

Нишкиот симфониски оркестар е добитник на значајни награди и признанија: Златна плакета на културно-просветната заедница на Србија, Наградата на ослободување на градот Ниш, Златна значка на Југословенските хорски свечености во 1970 година, како и највисокото признание на градот Ниш- наградата „11 Јануари“.

Во февруари оваа година, Нишкиот симфониски оркестар е одликуван со указ на Претседателот на Република Србија со „Сретењенскиот орден“ од трет степен.

 

Facebook Коментари