Концерт на учесниците на семинарот по соло пеење „Соната“ во Струга

- Локални
668

Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга од 04.07 до 11.07.2019 се одржува семинар по соло пеење во организација на музичкото студио „СОНАТА“, а под раководство на проф. Марија Муратовска – Наумовска.


Учесниците на семинарот ќе одржат концерт на 11.07.2019 (четврток), со почеток во 19:30 часот во фоајето на Центарот за култура.
На програмата се познати арии, а ќе настапат: Елена Велевска, Ера Аземи, Фиона Шабани ,Исабела Димовска, Дамјана Апостолоска, Маријана Бошкоска и Полина Тасева,, во пијано придружба на пијанистката Благовесна Булоска.

Strugaonline

Facebook Коментари