Конкурс за детски уметнички дела инспирирани од убавините на Струга

- Локални
356

Граѓанската иницијатива „Награда за чиста Струга“ во соработка со ателје „Нестор“ објави конкурс за месечен ликовен натпревар за ученици од 6 до 15 години, на теми инспирирани од убавините на Струга.

Оваа соработка има за цел да се охрабрат и инспирираат најмладите да го ценат и одржуваат нашиот град.

– На сите учесници ќе им биде доделен сертификат, а две дела ќе добијат награда и репродукција во форма на разгледница. Делата ќе бидат избрани во две категории, на возраст од 6 до 10 години и од 11 до 15 години, информираат од иницијативата „Награда за чиста Струга“.

Делата може да бидат изработени во било која големина и техника (цртеж, со молив или со боја) и со податоци од авторот да бидат доставени секој месец пред 20-ти, во ателје „Нестор“ на локалниот уметник и ликовен предавач Милко Нестор, што се наоѓа на вториот кат од Градскиот пазар во Струга. Сите пристигнати дела предвидено е да бидат претставени на изложба во декември годинава.

– Секое дете може да поднесе само едно дело месечно, но истото дете може да учествува повторно во наредните месеци. Сите деца ќе можат да си ги подигнат цртежите по завршување на изложбата, објаснуваат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари