Константин Георгиевски: Одлучивме конечно да му ставиме крај на самоволието и импровизациите во Охридско-струшкиот регион

- Локални
535

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска на Прес-конференција ја информираше јавноста во врска со сите преземени мерки и активности во текот на изминатата година, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Градоначалникот уште еднаш потенцираше дека заложбите на локалната и централната власт за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се сериозни и дека во иднина ќе продолжат да се имплементираат сите параметри за заштита, кои ќе овозможат современ развој на долг рок.

– Одлучивме да повлечеме црвена линија и конечно да му ставиме крај на самоволието и импровизациите во Охридско-струшкиот регион. Со сите мерки и активности кои ги презедовме и ги преземаме во текот на овој процес, ја запираме деградацијата во регионот и ги поставуваме параметрите за заштита и развој на еден долг рок. Во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, се работеше на сите нивоа на одлучување, на спроведување на мерки и носење на решенија, кои се консултирани со врвни експерти. Се радувам што како локална и централна власт имаме огромна поддршка од меѓународната заедница, од амбасадорите и од релевантни меѓународни институции во делот на спроведување на законите, владеење на правото и зачувување на светското наследство. Затоа, уште еднаш упатувам апел до јавноста да го поддржат целокупниот процес и заедно да покажеме дека имаме волја, имаме визија и план за да ги подобриме работите и да го зачуваме нашето непроценливо богатство за идните генерации- изјави  Георгиески.

Facebook Коментари