Консултативна средба со млади на 10-ти јуни во Струга

- Локални
620

На 10.06.2019 со почеток од 12:00 часот во Хотел Дрим во Струга, ќе се одржи консултативна средба со млади за содржината на Законот за младинско учество и младински политики.

„Ги покануваме сите заинтересирани млади, претставници на младински организации, средношколски заедници, студентски организации, подмладоци на политички партии, локални младински совети, културни и спортски друштва и сите останати групи да учествуваат на оваа консултативна средба, да ги споделат своите ставови за содржината на предлог текстот, како и своите идеи, предлози и препораки за негово подобрување.“-велат организаторите.

На средбата ќе се обратат пратеници/претставници на институции и претставници на младински организации/подмладоци кои ќе споделат повеќе информации за Законот за младински учество и младински политики и начините на кои младите може да се вклучат во негово финализирање. По воведните обраќања следи дискусија со сите присутни.

Почетокот е закажан за во 12:00 часот.

Патните трошоци за заинтересираните млади од регионот кои ќе присуствуваат на консултативната средба ќе бидат покриени по приложување на фискална сметка.

Сите одржани средби на работната група, како и текот на целокупниот процес, се поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Мисијата како партнер во овој процес има голема улога во непречено одвивање на активностите кои произлегуваат од овој процес и нивно успешно финализирање.

Повеќе информации за Законот за младинско учество и младински политики, како и информации за начинот на кој младите можат да го споделат своето мислење со работната група онлајн, се достапни на овој ЛИНК

Strugaonline

Facebook Коментари