Консултативната средба во Струга – Едно општество и интеркултурализам

- Локални
724

На 11 јуни (вторник) со почеток од 11:00 часот во салата на Советот на Општина Струга  ќе се одржи консултативна средба за потребата од изработка на Националната стратегија за развој на концептот „Едно општество и интеркултурализам.“

„Ги покануваме да учествуват сите заинтересирани, претставници на граѓанските организации, советници, претставници од академска заедница, млади, јавни и државни службеници, медиуми и медиумски работници, просветни работници, културни работници и активисти .“ – велат од Општина Струга

Целта на консултативна средба е преку дискусија и дебата да се слушнат и соберат мислења, забелешки и сугестии од присутните за да се изготви квалитетна и сеопфатна стратегија.

Strugaonline

Facebook Коментари