Kонтроли на автобуси и такси возила кои вршат јавен превоз во Струга и Охрид

- Локални
721

На 27-ми март 2024 година, на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.

– Притоа, контролирани се вкупно 101 возило, од кои 68 во Охрид, 11 во Струга, 15 во Кичево и 7 во Дебар, од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари