Кошаркарките на ЖКК Струга 2009 подобри од Охрид во Езерското дерби

- Локални
133

Езерско дерби во Прва Б лига во кошарка, ЖКК Струга 2009 подобри од Охрид.

ЖКК Струга 2009 – ГКК Охрид 47:41 (по четвртини 12:13; 08:10; 11:11; 16:07)
Најдобрите стрелци во домашниот тим беа: Зиба 18 поени, Хиса 17, Белкоска 7, Алексиеска 5 поени.
Кај гостите Василеска забележа 9 поени.

„Многу тежок натпревар, како и секогаш помеѓу Струга и Охрид. Не премногу квалитетен, но цврст и пожртвуван натпревар. Ние бевме поконцентрирани во последна четвртина и забележавме победа. Им честитам на гостинската екипа на одлична фер игра, а на моите кошаркарки за победата. Нешто што би сакал да потенцирам е следно, Сиандра Зиба има само 13 години, а пружа многу добри, зрели игри и во сениорска и во јуниорска и во кадетска конкуренција. Сега ни следува мала пауза поради настапот на сениорска репрезентација на евро квалификации и ќе пробаме во тој период да се опоравиме и спремиме уште подобро за продолжеток на првенството. – изјави Владимир Ѓоровиќ тренерот на Струга 2009.

StrugaOnline

Facebook Коментари