ТОП Вести

Кристијан Симоноски од КЛ7-Струга е најдобар лев бек на „фајнл фор“ завршницата

- Локални, Спорт
1009

Покрај трофејот за третото место на финалниот турнир во младинска категорија, КЛ7 Струга, односно  Кристијан Симоноски го понесе и признанието најдобар лев бек на финалната завршница во младинска конкуренција.

Симоноски во полуфиналето против екипата на РК Охрид постигна седум погодоци додека во „малото финале“ против екипата на РК Струга, прикажа повторно фантастична игра и постигна десет погодоци со што заслужено го однесен приматот најдобар лев бек.

За најдобар стрелец е прогласен Костов од Охрид со 18 погодоци, еден повеќе од  Симоноски, а три повеќе од Џигероски.

За најдобар ракометар беше прогласен Стефан Додиќ од Металург, а за најдобар голман Мартин Божиновски и двајцата од Металург. Во најдобриот состав уште имаше место за Кондев(лево крило), Симоноски (лев бек), Ивановски (среден бек), Серафимов(десен бек), Костески (десно крило) и Димитриески (пивот)

Извор и фото: КЛ7.мк

Facebook Коментари

error: