Кривична пријава за двајца работници, предизвикале оштетување на електрични кабли

- Локални
775

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од Народна Република Кина поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации” и „несовесно работење во службата”,  како и против А.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. Двајцата, вработени во градежна фирма, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца, со што предизвикале материјална штета од околу 502 000 денари.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари