Kривична пријава за родители на 16-месечно дете од Струга, врз детето паднал дел од мебел

- Локални
658

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично  дело „запуштање и малтретирање на дете”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга. На 12.02.2023 околу 11 часот, во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо” со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. По преземени мерки констатирано е дека во домот на пријавените врз малолетникот паднал дел од мебел.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари