Кривична пријава за скопјанец, предизвикал пожар во угостителски објект во Охрид

- Локални
107
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.У.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот  „Туристичка” во Охрид. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари