Кривична пријава заработи малолетник од Струга за кражба, тешка кражба и одземање моторно возило

- Локални
540

ОВР Струга поднесе кривична пријава  против 17-годишен малолетник од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, една „кражба“ и две кривични дела „одземање моторно возило“. Тој, делата ги извршил на 01.08.2022 година, на 05.10.2022 и 18/19.10.2022 година од гаражи, паркинг простори и работилници во Струга и струшките села Враништа и Лабуништа, користејќи згодни прилики и употреба на физичка сила.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари