Кривична за скопјанец кој без дозвола изградил бетонска ограда во Струга

- Локални
566

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, во текот на март 2021 година, на локација во државна сопственост, на улицата „Туристичка“ во Струга, без соодветна дозвола изградил бетонска ограда во должина од 52 метри и висина од еден метар. Од страна на Градежна инспекција при Општина Струга извршен е инспекциски надзор и донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ја отстрани бесправно изградената градба.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари