Лице од Велешта заработи кривични пријави за злоупотреба на службена положба и фалсификување или уништување на деловни книги

- Локални
459
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Р.(38) од струшкото село Велешта и против правното лице што тој го управувал, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Полициски службеници на 22.09.2020 на локалниот пат кон струшкото село Долна Белица, го затекнале пријавениот при управување на товарно возило „мерцедес“, сопственост на правното лице, натоварено со 14 метри просторни огревно дрво. Притоа, констатирано е дека транспортот се врши без целосна документација, која била со невистинита содржина. Возилото и огревното дрво се одземени и предадени на надлежното Шумското стопанство.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари