Лице сместено во државен карантин во Струга заработи кривична пријава

- Локални
855

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Л.С.(25) од кумановското село Матејче.

Тој на 8-ми овој месец во 14:20 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга, каде бил сместен во задолжителен државен карантин, излегол од собата и манифестирал недолично и агресивно однесување кон полициските службеници, кои вршеле службени дејства и ги игнорирал нивните насоки. Со тоа, пријавениот, ги прекршил мерките за превенција и спречување на ширење на вирусот COVID-19.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари