Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Илинден ќе се обрати од Ташмаруништа

- Локални
842

-По повод државниот и национален празник 2-ри Август – Илинден, празник кој претставува симбол на Македонската борба за самостојна и независна држава, во Ташмаруништа  ќе присуствува и ќе се обрати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф.д-р Христијан Мицкоски-информираат од Центарот за комуникации  на ВМРО-ДПМНЕ, ОК – Струга

„Ве покануваме сите, да оддадеме почит на нашите илинденци, онака како што им доликува, да ја збогатиме манифестацијата и да ја продолжиме традицијата на нашите предци!“ – стои во соопштението

Од ВМРО-ДПМНЕ Струга апелираат до сите граѓани кои ќе присуствуваат на манифестацијата, да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, носејќи лична заштитна опрема.

 

Facebook Коментари