Локалот ,,Дуќан“ вечерва слави прв роденден. Забавата започнува во 21:00 часот.
Ова интересно место во Струга, со кое се воведе еден поинаков концепт што вклучува активности за социјализација, а не само класични забави, зад себе остава успешна прва година.
,,Изминатава година остваривме групно следење спортски натпревари, неколку уметнитнички изложби дури и од интернационални артисти, многу изиграни друштвени игри, филмски проекции, песни испеани на караоке и многу други настани. Многу се радуваме и за тоа што нашиот џин-тоник стана омилен пијалок на многу наши посетители.“- вели Дејан Лазороски, сопственик на ,,Дуќан“.
Тој додава дека за годинава што следува планираат уште поинтересна и побогата програма.
Освен како место за социјализација и забава, ,,Дуќан“ е место каде на иницијатива на сопствениците се одржуваат настани со хуманитарен карактер преку кои се покажува општествена одговорност.
Strugaonline
Facebook Коментари