ЛТХ Леарница вработува технолог за изработка на алати

- Локални
319

ЛТХ Леарница Дооел Охрид има потреба од:

ТЕХНОЛОГ ЗА ИЗРАБОТКА НА АЛАТИ

Одговорности:

  • порачка на материјали за алатите за леење под висок притисок, како и за други алати
  • комуницирање со надворешни изведувачи (кооперанти), добавувачи и останати надворешни институции
  • усогласување на конструкција, технологија, CAM подготовка, производство, маркетинг на алатите и надворешни изведувачи
  • изработка на технолошки постапки за алатите за леење под висок притисок, како и за други алати
  • нормирање на работните операции и изработка на анализа на трошоците
  • подготовка на предлози за спроведување на процесите за постојано подобрување
  • соработка при решавање на технички и проблеми со квалитетот
  • водење евиденција и изработка на извештаи
  • следење на R&R во својата област
  • почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот

Квалификации:

  • Високо техничко образование

Способности

  • прецизност
  • тимска работа
  • организираност
  • доверливост

Нудиме можност за континуирани обуки и тренинг, се работи во смени во производни капацитети. Ви следува топол оброк; додатоци на плата за сменска работа, платени трошоци за превоз од и до работно место (за повеќе од 3км); регрес за годишен одмор; новогодишни надоместоци;награди и бонуси согласно покажани резултати

Работиме по стандарди IATF 16949; ISO 14001; ISO 50001 и ISO 45001.

Позициите бараат користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид

Сите Заинтересирани можете вашите апликации и CV да ги испратите на:

https://www.lthcastings.com/careers

до 28.04.2023 и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

 

 

Facebook Коментари