Македонскиот фотограф Томислав Георгиев со фотографија од реката Црн Дрим победи на натпревар во Холандија

- Локални, Македонија
781

Македонскиот фотограф Томислав Георгиев е победник на конкурсот за најдобра фотографија на конкурсот што беше распишан од страна на Министерството за надворешни работи на Холандија на тема ,,Вода=живот“.

На победничката фотографија се гледа човек како ја чисти водата во реката Црн Дрим во Струга.

,,Победникот не само што ни помогна да ги разбереме предизвиците со водата со кои се соочуваме, туку не’ поттикнува да преземеме акција“-велат од жирито.

Фотографијата e направена на 3 септември 2022 година.

На глобалниот фото конкурс учествуваа 143 фотографи од целиот свет.

 

Facebook Коментари