Македонскиот стратег Андон Бошковски ќе биде новиот тренер на РК Струга во наредната сезона. Оваа информација доаѓа само неколку денови откако беше објавено дека Ристе Калајџиоски е нов спортски директор на струшкиот клуб што значи дека ова се низа засилувања кои на нашите ракометари ќе им помогнат да ги достигнат новите високи цели откако обезбедија место во Супер-Лигата.
Сосема е јасно дека на големо се работи за Струга да го задржи главниот епитет кој го има во спортот-расадник за ракометни таленти. Токму тие таленти и понатаму своите кариери ќе ги градат почнувајќи од Струга.
Strugaonline
Фото: aрхива
Facebook Коментари