Малолетници од Струмица,пријавени дека се оддалечиле од домот пронајдени во Струга

- Локални
406

На 3-ти јули 2021 година, околу 21:00 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници ги пронајдоа тројцата малолетници од Струмица, за кои претходно во СВР Струмица било пријавено дека се оддалечиле од нивниот дом.

– Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Струга, малолетниците се предадени на член од нивното семејство, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари