Maрко го прекина маратонот поради болки во ногата, но ја испрати пораката во чест на ретките!

- Локални
682

По изминати 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и минати 11 километри и 840 метри, Марко поради големи болки во ногата  го прекина подвигот кај Градиште. Целта на Марко беше да се обиде да го преплива триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид. Неговиот подвиг е посветен на лицата со ретки болести и нивните секојдневни предизвици.

Најважно е тоа што Марко ја испрати главната порака и ја оствари својата цел- да ја разбуди свеста кај граѓаните за лицата со ретки болести. Денеска во Охрид ќе се продаваат специјално изработените маички за ретките, и на тој начин, купувајќи маички, секој ќе може да донира средства за оваа категорија граѓани.

Марко е голем борец, минатата година тој  го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид и стана најмладиот пливач во историјата кој успеал да направи таков подвиг. Тој е дотолку поголем ако се има во предвид фактот дека тој има доживеано инфаркт на коста на долните екстремитети.

Strugaonline

Facebook Коментари