Maрко Пејчиноски и неговиот тим со поддршка за лицата со ретки болести

- Локални
594

Започна финалното одбројување до новиот подвиг на Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски, кој на 28 август, ќе плива за поддршка на лицата со ретки болести. Специјално за овој настан изработени се маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите ќе чинат 300 денари, а приходот од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.

„Заинтересираните лица кои сакаат да купат маица треба да извршат нарачка преку порака на нашата страна, во која треба да се наведе: боја, големина и количина, по што ќе бидете контактирани од нашите адмнистратори за сите детали.“ – информира тимот на Пејчиноски.

Маиците за поддршка на лицата со ретки болести ќе може да се нарачуваат заклучно со 15.08.2019 година, по што нарачателите ќе бидат информирани каде ќе може да ги подигнат.

Strugaonline

Facebook Коментари